Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант по поразот од Хјустон (92:95) во четвртиот натпревар од финалето во Западната конференција изјави дека неговиот тим пропуштил убава можност да дојде на чекор од големото финале.
- Бевме во добра позиција на крајот да се радуваме. Последниот период не го одигравме како што треба и не ја зграпчивме шансата работите да ги земеме во свои раце. Сега повторно е нерешено и на гостувањето во Хјустон одиме без предност. Мора да бидеме подобри во следниот натпревар. Само со добра игра во текот на целиот натпревар ќе ја оствариме целта, истакна Дурант.
Следниот натпревар од серијата Хјустон – Голден Стејт на програмата е ноќта меѓу четврток и петок.