Крадецот во црквата во кавадаречкото Горна Бошава украл околу илјада и петстотини евра во денарска противвредност, книжни и железни, ги оставил само петденарките. Ова го откриваат за МИА жители на селото во кое пред седум месеци беше ограбена црквата, барајќи информации за тоа дали е фатен крадецот.
Не се знае дали тој немал време да ги земе и петдинарките, не ги забележал, или пак станува збор за суеверие.
- Во врска со тешката кражба во црквата „Свети Илија“ во село Горна Бошава, Кавадаречко, што се случила во периодот од 15.10 до 30.10.2017 година, Ве известуваме дека од страна на Полициската станица Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, на 30 април 2018 година е поднесена кривична пријава против лицето О.В. од Кавадарци, стои во писмениот одговор што до МИА го испратија од Министерството за внатрешни работи.