Светското првенство во Русија е огромна шанса за репрезентацијата на Белгија. “Златната” генерација на “Црвените Ѓаволи” на ова светско првенство ја гледа својата шанса за историски успех. Со ѕвездите во тимот кои се во екот на своите кариери и кои можеби го играат последното светско првенство на врвно ниво (заедно) , тоа достигнување се чини многу реално.

Составот кој стигна до четврт финалето на светското првенство во Бразил и успеа да да се пласира во последните 8 на европското првенство во 2016 година дефинитивно има доволно искуство и квалитет за блесок во Русија. Можеби единственото прашање е дали Роберто Мартинез може составот од 11 супер ѕвезди да го изведе на прав пат и да создаде машинерија која ќе ги гази своите противници?!

Белгија создаде компактен тим. Играчи како Вертонген, Дефур, Фелаини, Дембеле, Миралеш и Компани придружени од младите играчи кои оставаат свој печат низ најсилните лиги во Европа.Кога на оваа листа ќе се додадат Витсел, Вермален, Алдевајралд и секако Азар, Лукаку и Де Брајн, сликата е комплетна.

Роберто Мартинез нема лесна работа пред себе. На списокот се приклучуваат и Батшуаи, Мертенс и Мињоле, сите гладни за докажување на интернационалната сцена.

Останува само да го чекаме почетокот на Светкото Првенство и да уживаме во спектаклот и магијата која ја носи и секако, да видиме дали фаворитот од “сенка”,”малата” Белгија може да приреди фудбалско чудо.

А еве го и најавениот прв тим на “Ѓаволите”: Мињоле,Вертонген, Компани, Алдевајралд, Муние, Де Брајн, Витсел, Азар, Мертенс, Лукаку, Караско



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 00:47