Работнички поведе со 2-0, откако го совлада МЗТ Скопје со 75:76 во вториот натпревар од финалната серија на кошаркарскиот плејоф.

Натпреварот во „Јане Сандански“ беше неизвесен од почетокот до самиот крај, а двете екипи на неколку пати воспоставуваа предност, но без да се одвојат резултатски.

На полувремето Стефан Синовец му донесе минимална предност од 37:36 на актуелниот првак, но во вторите две четвртини продолжи да се игра поен за поен.

Во последните пет минути натпреварот влезе во драматичен финиш, што беше дополнет со водата од дождот или евентуално вентилацијата која се појави на неколку места на теренот, но и кај делегатите на записничката маса.

Поради тоа на две минути до крајот, натпреварот за краток период беше прекинат.

Во последните 25 секунди МЗТ имаше предност од 75:74, но на крајот тоа не беше доволно за победа, бидејќи Работнички со двата поени од слободните фрлања на Маркус Гинјард славеше победа од 75:76.

Третиот натпревар од финалната серија меѓу Работнички и МЗТ Скопје се игра в петок во салата „Градски парк“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 02:03