Првата ѕвезда на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, причината за поразот од Бостон во петтиот дуел од Источното финале ја гледа во неефикасноста и големиот број промашен шутеви.

- Во одбрана бевме добри. Ги сопревме на 96 поени што не е лошо. Но не функционираше нашиот напад. Во НБА нема да победите на многу натпревари ако постигнете 83 поени. Освен тоа, имавме и многу загубени топки (15) и кога се ќе се собере поразот беше неминовен, изјави Џејмс.

Тој очекува подобра игра на шестиот натпревар од плејоф серијата.

- На наш терен сме посигурни. Со нетрпение го очекуваме шестиот меч и веруваме дека може да се избориме за мајсторка, додава Леброн.

Шестиот дуел од серијата прв до четири победи меѓу Кливленд и Бостон се игра ноќта петок кон сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 17:28