Вчера во 17,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.К.(19) пријавила дека истиот ден околу 03,00 часот на улицата “Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб била физички нападната од страна на К.М. и неколку нејзини другарки. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Уште еден случај на тепачка е пријавен во МВР. Утрово во 05.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.Д.(19) пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот во близина на дискотека во Градскиот парк бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 18:37