Златни вардарови момчиња од минатата година, утре го започнуваат походот кон европската историја.

На веќе добро познатото „место на злосторот“ во Лакснес арената во Келн, нашите јунаци во првиот полуфинален натпревар ќе ги одмерат силите со Францускиот тим на Монпеље.

Оваа година завршниот турнир во Келн самиот по себе од историски аспект гледано руши ракометни рекорди. За прв пат од кога е воведено ваков систем на натпреварувања ќе учествуваат дури три екипи од една иста земја. Пари Сен Жермен, ХБЦ Нант и Монпелје ХБ, ќе ги бранат боите на француското знаме, додека нашиот Вардар ќе ја брани ракометната чест а воедно и гордост на Република Македонија.

Ф4 турнирот ќе биде пренесуван на 41 нациолна телевизија во 80 светски земји, за прв пат пренесуван со ултра HD технологија. Според очекувањата на ЕХФ, пред „малите екрани“ овој настан ќе го следат милиони гледачи.

Но она што е најважно е за нас е настапот на Вардаровите момчиња втора година по ред на овој завршен турнир и можноста да ја испишеме поновата ракометна историја.

Со воведувањето на новиот систем за натпревари во ЕХФ Лигата на шампиони во сезоната 2009/2010, онаква каква што е денес, ниту еден ракометен тим не успеал да ја одбрани титулата. Тоа не им појде од рака на претходните европски шампиони Киелце (сезона 2015/16) , Барселона (сезона 2014/15) Флензбург (сезона 2013/14) Хамбург (сезона 2012/13) Кил (сезона 2011/12) Барселона (сезона 2010/11) и повторно Кил (сезона 2009/10).

Но затоа, сите ние сме веруваме дека Столе, Штербик, Дибиров, Чупиќ, Циндриќ и останатите момчиња на скопски Вардар злато вредни, под диригентската палка на маестро Раул Гонзалес мотивациски бодрени од цела Македонија, овој сон ќе го претворат во реалност.

Но, што и да се случи во овие 48 часа во Келн, едно е сигурно. НИКОЈ КАКО ТЕБЕ ВАРДАРЕ!!!

А до тогаш да се потсетиме на најдраматичните ракометни моменти од минатата сезона и повторно да се наежиме кога ќе ги погледнеме видеата со зборовите на спортските коментатори: ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 23:33