Македонската ракометна репрезентација попладнево одигра нерешено 24:24 со Хрватска во вториот натпревар на Европското првенство У20.
Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ добро го почнаа натпреварот, водеа со 1-2 гола разлика дваесетина минути, но потоа следуваше пад во играта. Хрватите со серија од 7:1 направија резултатски пресврт и негативатаја претворија во предност од пет голови разлика на полувреме (15:10).
Хрватска во второто полувреме дојде и до највисоки +7 (18:11). Македонците не се предадоа и со поагресивна игра почнаа да ја намалуваат негативата и со серија од 9:1 дојдоа до водство (20:19).
До крајот се играше рамноправно, Хрватска четири пати водеше, Македонија изедначуваше за на крај да се заврши со поделба на бодовите.
Од 16:40 се игра другиот натпревар од 2. коло во А-групата во кој се среќаваат Австрија и Црна Гора.
Македонија има 3 бода од два натпревара, Австрија 2 од една средба, Хрватска 1 од два меча, Црна Гора е без освоен бод по еден натпревар.