Хјустон Рокетс го совлада шампионот Голден Стејт со 98:94 и се приближи на чекор од НБА финалето. „Ракетите“ поведоа со 3-2 во меѓусебниот дуел.

Хјустон ја започна одлично средбата, а само добрата игра на Кевин Дурант не дозволи да дојде до сериозна предност за „ракетите“. Во втората четртина се разигра Стеф Кари и Голден Стејт стигна до израмнување (45:45).

Крис Пол го најде својот ритам во третиот дел и го поведе Хјустон, но благодарение на добриот шут на Дурант на крајот на четвртина Голден Стејт дури поведе - 72:71.

Десет секунди пред крајот, резултатот беше 94:93 за Голден Стејт. Кук не реализира од тројка, но Тревор Ариза го донесе Хјустон во водство. Резултатот беше оформен по две слободни фрлања, реализирани од Ерик Гордон (98:94).

Џејмс Харден заврши со рекордно негативна статистика - 0/11 од тројка, но сепак постигна 19 поени, Гордон беше најуспешен со 24. За „воините“ четири играчи реализираа над 10 - Дурант 29, Кари 22, но само 2/8 од три поени, Томпсон 23 и Грин 12.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 12:50