Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.М. (34) и Р.В. (24) двајцата од село Сачево, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“.
Како што соопшти МВР, на 27 април, годинава, во 00.10 часот на регионалниот пат Богданци – Дојран, во близина на браната Паљурци, полициски службеници сопреле патничко возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал првопријавениот и кој немал собраќајна дозвола за возилото. Од извршените проверки било утврдено дека бугарските регистарски ознаки биле издадени за друго возило „Рено Клио“ и биле со важност до 23.03.2017 година. Регистарските таблици на К.М. му ги дал второпријавениот Р.В.