Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави тимот на сезоната 2017/2018 во Лигата на шампионите, а во него се најде само еден играч на актуелниот европски шампион Вардар.

Се работи за голманот Арпад Штербик, кој е еден од најдобрите на својата позиција и најзаслужен што македонскиот тим ќе има можност да ја одбрани титулата од лани.

ПСЖ има најмногу претставници во „ол-стар“ тимот, а тоа се левото крило Уве Генсхајмер, левиот бек Сандер Сагосен, централен бек Никола Карабатиќ и неговиот брат - Лука, како најдобар дефанзивец. За најдобар пикер ЕХФ го избра Бјарте Мирхол од Скјерн, на позицијата десен бек е играчот на Барселона Дика Мем, а десно крило е Давид Балагер од Нант. За најдобар млад играч е прогласен Ромен Лагард од Нант.

Патрис Канаје, тренерот на Монпелје, кој е противник утре на Вардар во полуфиналето на Ф4, е прогласен за најдобар за сезоната 2017/2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 17:48