На 24.05.2018 година во Полициската станица Ѓорче Петров, А.М. (51) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.25 часот на ул. „Воин Драшкоци“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ x5“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот влегол во незаклученото возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал возилото заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна од 500.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 17:53