За разлика од другите години сега немаше многу врева и мешаница на дружењето со новинарите во Келн. Нема ниту една германска екипа, нема многу интерес од локалните медиуми, а фактот што има дури три екипи од Франција го намалува и бројот на медиуми што се заинтересирани за ф4 турнирот. Без разлика на сѐ, најголемиот клупски спектакл во Европа останува најпосетуваниот настан, и Лаксес арената е одамна распродадена.

Пред полуфиналните натпевари, секој тим имаше по 30 минути да биде на располагање на новинарите. Покрај англискиот и француски јазик, најчесто поставувани прашања имаше и на српско-хрватски и македонски јазик. Сите сакаат да ги прашаат ракометарите на Вардар за нивните очекувања и размислувања во пресрет на полуфиналните натпревари.

Вардар веќе имаше два тренинга во Келн. Може да почне лудилото наречено Ф4.

„Притисок е голем, но едвај чекаме сѐ да тргне. Подготвени сме и се надевам дека можеме да стигнеме до крајот. Работевме напорно и верувам дека токму овој викенд ќе бидеме најдобри. Сите екипи кои се тука, заслужено се дел од Ф4. Психички и физички сме подготвени во сите 60 минути да се бориме во полуфиналето. Монпелје покажа дека е одлилен тим. Играат брз ракомет, имаат одлична транзиција, опасни се еден на еден. Треба да бидеме спремни за секоја одбрана од 6-0, 5-1 и 4-2. Може сѐ да покажат. Одбраната е клуч на нашата игра. Одиме чекор по чекор. Фокусирани сме на Монпелје", ни изјави Лука Циндриќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2018 01:25