За разлика од другите години сега немаше многу врева и мешаница на дружењето со новинарите во Келн. Нема ниту една германска екипа, нема многу интерес од локалните медиуми, а фактот што има дури три екипи од Франција го намалува и бројот на медиуми што се заинтересирани за ф4 турнирот. Без разлика на сѐ, најголемиот клупски спектакл во Европа останува најпосетуваниот настан, и Лаксес арената е одамна распродадена.
Пред полуфиналните натпевари, секој тим имаше по 30 минути да биде на располагање на новинарите. Покрај англискиот и француски јазик, најчесто поставувани прашања имаше и на српско-хрватски и македонски јазик. Сите сакаат да ги прашаат ракометарите на Вардар за нивните очекувања и размислувања во пресрет на полуфиналните натпревари.
Вардар веќе имаше два тренинга во Келн. Може да почне лудилото наречено Ф4.
Сите погледи се вперени кон Раул Гонзалес, тренерот на „црвено-црните". Тој секогаш наоѓат начин тактички добро да одговори на сите предизвици.
„ Немаме притисок и треба да уживаме како што тоа го направивме лани. Не мислам за ништо освен за полуфиналето. Монпелје е опасен противник. Нема да откривам тактиката. Треба добро се подготвуваме, бидејќи знаеме дека ќе биде тешко, а на крај ќе видиме кој ќе игра во финале. Сега за сега размислувам за Монпелје и само Монпелје, вели Раул Гонзалес.