Екипата на Работнички по цели девет години стигнува до шампионскиот пехар во македонската кошарка откако со 87:84 беше поуспешна од најголемиот ривал, МЗТ Скопје.
Избраниците на Марин Докузовски со убедливи 3:0 во серијата до три победи го совладаа МЗТ кој царуваше во македонскиот шампионат во последните неколку години.
МЗТ одлично го отвори натпреварот и по првите десет минути имаше предност од цели девет поени. Сепак Работнички ги доби следните три четвртини и на крај во пенал завршница успеа да ги совлада „металците“ за голема радост во „Градски парк“.
Одличен натпревар во Работнички одиграа Чавдар Костов кој запиша 19 поени и Димитар Караџовски кој мечот го заврши со 17 поени. Бојиќ уште еднаш беше најдобар во МЗТ Скопје со 17 уфрлени кошеви.
Ова е вкупно 15 трофеј во македонскиот шампионат за екипата на Работнички, прв по цели девет години.