На 26.05.2018 година во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.Ј. (38) од Скопје пријавил дека на 25.05.2018 година околу 21.00 часот тој и неговата сопруга Т.Ј. (33) биле физички нападнати од нивен роднина Д.А. (31) од Скопје.

Од 14 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А.. Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга.

Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 00:33