Леброн Џејмс вели дека нема да го промени пристапот во седмиот, одлучувачки натпревар од финалето на Источната конференција против Бостон.
„Кралот“ изминатава ноќ одигра уште еден спектакуларен меч, откако постигна 46 поени, 11 скока и девет асистенции и три украдени топки, со што ја израмни финалната серија на 3:3 против Бостон.
- Самиот факт дека ќе играме седми натпревар е одличен сам по себе. Повторно, како што веќе претходно истакнав, седми натпревар - најдобрите два збора во спортот, рече Леброн веднаш по триумфот.
Домаќините уште во петтата минута од дуелот во Охајо го изгубија Кевин Лав, кој мораше да ја напушти играта откако се удри со Џејсон Тејтум, додека сите во салата буквално се „замрзнаа“, кога по завршувањето на средбата Лери Ненс Џуниор силно влета во нозете на Леброн.
- Искрено, не го видов Лери, откри Џејмс, кој веднаш стана, ги врза врвките од патиките, а потоа даде две последователни тројки за потврда на победата.
- Не би го пропуштил решавачкиот меч, тоа не е опција, заклучи најдобриот играч на денешницата, кој на теренот помина 46 минути.
Седмиот натпревар е закажан за недела во 02:30 часот во Масачусетс.