Навивачи го прекинаа тренингот на бразилската репрезентација пред СП 2018 со обвинувања дека „Селесао“ не контактира доволно со публиката на бразилска земја.

Првично околу 200 лица беа примени во близина на тренинг базата на петкратниот светски шампиони, а бројни приврзаници на Бразил беа приведени на влезовите од полицијата при обидот да го посетат комплексот „Гранжа Комари“.

Отворениот тренинг на Бразил во Тересополис во петокот беше единствената шанса за локалните фанови да бидат близу до своите миленици. Некои од навивачите ги исвиркуваа фудбалерите на „Селесао“ и викаа „резултатот е 1:7“. Ова се однесува на поразот на Бразилците со 1:7 против Германија на домашниот Мундијал во 2014.

Во понеделник, бразилскиот тим ќе патува до Лондон, каде ќе игра пријателски натпревар со Хрватска на 3 јуни, а една недела подоцна се соочува со Австрија.

На Мундијалот 2018 во Русија, Бразилците се во група со Костарика, Швајцарија и Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 01:49