Во својот втор настап на Ф4 турнирите во Келн, ракометарите на Вардар ќе играат за бронзениот медал. Противник ќе им биде тимот на ПСЖ. Во полуфиналето Вардар загуби од Монпелје со 27-28 (11-14)

На прес-конференцијата по натпреварот беа тренерот Раул Гонзалез и десно ото крило Иван Чупиќ.

Раул Гонзалез - тренер на Вардар

„Честитки за Монпелје, направија доста добра работа на овој Ф4. Одиграа перфектен и фантастичен ракомет против нас. Цел меч ние правевме грешки. А, кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката. Во второто полувреме бевме подобри, имавме шанса да победиме, но Монпелје едноставно беше подобар од нас во клучните моменти. Честитки за играчите, горд сум на нив. Четири години минавме заедно, немам лоши зборови.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 03:05