Во својот втор настап на Ф4 турнирите во Келн, ракометарите на Вардар ќе играат за бронзениот медал. Противник ќе им биде тимот на ПСЖ. Во полуфиналето Вардар загуби од Монпелје со 27-28 (11-14)
На прес-конференцијата по натпреварот беа тренерот Раул Гонзалез и десно ото крило Иван Чупиќ.
Иван Чупиќ - играч на Вардар
„Монпелје беше подобар од нас за тој еден гол. Ние почнавме со многу проблеми, примивме голови преку контра, најмалку седум до осум гола. Тоа не смее да се случува на вакви мечеви. Искусен тим сме, се вративме некако во мечот, но Монпелје заслужи да е во финале, Нам ни останува да се одмориме и да се обидеме да се оддолжиме на нашите навивачи за овој пораз со позитивен резултат на утрешниот меч"