Крилото на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав ќе го пропушти клучниот седми меч во финалето на Источната конференција помеѓу Кавалирс и Бостон Селтикс.
Лав се здоби со потрес на претходниот натпревар и не успеа да ги мине потребните тестови за да му биде дозволено да игра во финалниот натпревар од серијата на теренот во Бостон, утре во раните утрински часови по македонско време.
Победникот на претстојниот натпревар Кливленд - Бостон ќе ја освои серијата и ќе се квалификува за финалето на НБА.
Во Западната конференција, резултатот исто така е израмнет и се очекува седми дуел меѓу Хјустон и шампионот Голден Стејт.