Турција го нуди на продажба античкиот град Баргилија, кој се наоѓа на турскиот брег на Егејското Море, за сума од 6,6 милиони евра, објави лондонски „Телеграф“.

Градот го основал античкиот македонски крал Филип Петти во 200 година пред новата ера, кога пристигнал на тоа подрачје враќајќи се од Критската војна.

Во одлуката на Анкара за продажба на локалитетот се наведува дека тоа се прави со цел да се обезбеди заштита на археолошкото богатство на Баргилија, од кој денес се останати само урнатини.

Властите се обидоа да го продадат градот, кој се наоѓа во југозападниот дел на Турција, и во 2015 година, но продажбата веше неуспешна.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 21:37