Албанската државјанка Л.М. (28) по полноќ била приведена во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка по претрес извршен од полициски службеници од Полициската станица Тетово во угостителски објект во тетовското село Теарце, каде била вработена како пејачка.

МВР информира дека при претресот во објектот, сопственост на Џ.М. од тетовското село Слатино, покрај албанската државјанка биле затекнати и четири државјанки на Република Македонија, кои, исто така, биле вработени како пејачки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 22:07