„Соло“, спин-оф претпродолжението на „Војна на ѕвездите“, во својот прв викенд потфрли во поглед на заработувачката, јавуваат американските медиуми.
Со заработка од 83,3 милиони, филмот се најде на првото место на бокс-офис листата, но продукциските куќи Дизни и Лукас филм очекуваа заработувачката во празничниот викенд во САД да се движи околу 100 милиони долари. Аналитичарите велат дека „Соло“ заработил релативно малку пари затоа што новото продолжение на сагата излегува само неколку месеци по осмиот филм од главната приказна.
Заработката на „Соло“ во викендот на премиерата, е нешто повеќе од половина од онаа на претходното спин-оф продолжение, „Rogue One“.