Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер е уверен дека ќе биде подготвен за натпреварите на Германија на Светското првенство во Русија.

Нојер тренира со полн капацитет и ако се врати во посакуваната форма ќе биде на голот на „панцирите“ на Мундијалот.

- Се чувствувам пријатно. Мислам дека тренерите се задоволни со моето ниво, секој тренинг е важен за мене, изјави Нојер на веб-страницата на Германскиот фудбалски сојуз.

Голманот на Баерн не играл официјален натпревар осум месеци поради скршеница на стапалото од левата нога.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 15:53