На 28.05.2018 година во 10,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“ (т.н. пластичарска улица), Б.А.(34) започнал вербална расправија со сопственици на дуќан бидејќи му пречела изложената стока пред дуќанот, по што со еден од нив, Б.Л.(24) си размениле неколку удари.
Потоа, според пријавеното, дошол братот на Б.Л., Ф.Л. (38) и физички го нападнал Б.А.. Се работи на целосно расчистување на случајот.