Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката ги зголеми цените на своите услуги.

Македонскиот виолинист и вокален изведувач Зоран Џорлев на социјалните мрежи го објави известувањето од новите цени во подземната катна гаража „Кресненско Востание“ која се наоѓа под МНР, МОБ и останатите институции лоцирани во тој дел. Месечниот надомест за физички лица сега изнесува 1.770 денари.

Џорлев пишува дека претходно, месечниот надомест за користење на катната гаража изнесувал 1.000 денари.

За 77% зголемена цената за месечно паркирање во катна гаража „Кресненско Востание“


Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 00:23