Триесет дневен притвор заработи жител на село Трново Битолско, поради продажба на кокаин и лекот „Омепразол“ на нарко зависници од Битола.

Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Битола осомничениот во неговиот дом неовластено, заради продажба, држел осум пластични паковки од лек „Омепразол”, како и вкупно 78 најлонски паковки со вкупна нето маса од 51,48 грама наркотична дрога кокаин, која ја нудел на продажба на лица нарко зависници од Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 11:42