Малолетничка од Скопје 10 дена била киднапирана и физички малтретирана во домот на 26-годишен маж.

Како што соопшти МВР, вчера во 3:30 часот 53-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден, околу 23:50 часот, добил телефонски повик од пријател дека истиот ја забележал неговата 16-годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата Шуто Оризари. Џ.Р. се упатил на наведената локација и ја пронашол неговата ќерка, која му кажала дека присилно била држена од страна на 26-годишен маж во неговиот дом. Тој, според кажувањето на девојката, од 18 мај 2018 година не и дозволувал да го напушти неговиот дом при што физички ја малтретирал.

Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 11:54