При претрес во куќа во тетовското село Џепчиште полицијата вчера открила повеќе парчиња муниција и прибор за чистење оружје.

Како што информира МВР, вчера во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по наредба за претрес од Основен Суд-Тетово, бил извршен претрес во домот на А. С. (61) во село Џепчишрте, при што пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје.

Лицето А.С. е лишено од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 11:55