Фејсбук може да се здружи со други големи компании и без да се соочува со антимонополски главоболки, ако избереме да влеземе во нови пазари, изјави главниот оперативен директор на компанијата, Шерил Сандберг на Коуд Конференс.

Притоа, таа не прецизираше кои компании се можна цел за проширување на пазарот.

Фејсбук е една од најголемите компании во светот според пазарниот капитал, а тоа го стекна, меѓу другото, преку купување помали, но атрактивни компании. Во 2014 година го откупија Ватс-Ап за 22 милијарди долари, а Окулус – за три милијарди. Претходно, во 2012 година го купија и Инстаграм, за една милијарда долари.

ЕУ изрази загиженост за пилот-програмитеите на Фејсбук и Ватс-Ап, за споделување телефонски броеви и други податоци.

Сандберг на тие наводи одговори дека таквото споделугвање е и корисно, на пример при фаќањето педофили онлајн.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 11:58