Кошаркарот на Кливленд, Кевин Лав може да го пропушти првиот натпревар од финалето на НБА плејофот против Голден Стејт што ќе се одигра ноќта четврток кон петок.

Според американските медиуми играчот се уште не е целосно закрепнат од добиениот потрес на мозокот на шестиот дуел од полуфиналето со Бостон.

Поради оваа повреда, Лав го пропушти седмиот натпревар со Селтикс.

Просекот на Лав по натпревар е 17,6 поени и прави 11,3 скока.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 14:44