Околу 75 отсто од смртните случаи на работно место, што не се поврзани со несреќа за време на работа, се поради срцевите болести, покажуваат нови истражувања.
- Главната причина за случаите оквалификувани како несреќи со смртен исход, а не се поврзани со процес на производство, се вообичаените заболувања - 84 отсто. Основен причинител се проблемите со срцето, како што е срцевата слабост, се вели во истражувањето.
Дури 75 отсто од смртните случаи се должат на срцеви заболувања, а 17 отсто на други болести, кои не се поврзани со срцето и крвоточниот систем. Заболувањата на крвните садови предизвикуваат осум отсто од смртните случаи.