Интересни резултати ни доаѓаат од истражувањето за продажба на мобилни апликации, објавено од истражувачката компанија „Morgan Stanley Research“ - особено за двете најпопуларни онлајн продавници „App Store“ и „Google Play“.

Излегува дека сопствениците на „iPhone“ уреди трошат 10 пати повеќе средства за мобилни апликации од корисниците на „Android“ смартфони. Просечно, „Apple“ добивала по 5,08 долари од еден корисник на iPhone во првиот квартал, додека приходот за „Google Play“ е 0,47 долари.

Статистиката исто така покажува дека за последните четири години приходите на „Apple“ од „App Store“ се зголемиле за 119 отсто, додека за истиот период продажбата во „Google Play“ се зголемиле за 14 отсто како вредност.

Во првиот квартал од оваа година, едно преземање на апликација за „iPhone“ од „App Store“ му носи на „Apple“ во просек 0,44 долари. Истата метрика за „Google Play“ е 0,10 долари, според „Morgan Stanley Research“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 23:37