„Google“ ќе ги објави новите „Pixel“ паметни телефони во октомври, тврди „Блумберг“.

Изворите на весникот потврдиле дека „Pixel 3 XL“ ќе биде со исечен на врвот дисплеј, додека неговиот помал брат ќе има поконвенционален изглед.

Од „Google“ не подлегнаа на трендот за двојни основни камери и според информациите двата модела ќе имаат по една. Исклучок е предната камера на „Pixel 3 XL“, која ќе биде двојна. Поголемиот уред ќе има поширока рамка под дисплејот, во која ќе биде поставен предниот звучник.

Склопувањето на уредите веројатно ќе им биде доверено на „Foxconn“, кој ја врши истата задача и за смартфоните на „Apple“. Преговорите се во тек помеѓу „Google“ и компанијата, така што речиси сигурно ќе ја добие нарачката.

Од „Блумберг“ исто така известуваат дека новите модели „Pixel“ се развиени со активна помош на поранешните инженери на „HTC“, кои преминаа на работа во „Google“ по купувањето на дел од бизнисот со мобилни телефони на тајванците во почетокот на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 23:41