Кинеската компанија „Ксиаоми“ официјално го претстави својот нов предводник и така ги потврди повеќето постоечки гласини за уредот. Телефонот се вика „Mи 8“ и е прв во портфолиото на компанијата кој има дисплеј исечен на врвот. Смартфонот нуди 6.21-инчен OЛЕД дисплеј со резолуција 2248 x 1080 пиксели од „Самсунг“, од кој е исечен релативно голем дел за да ги собере 20МП селфи камера и системот за препознавање на лицето со инфрацрвена светлина, која работи и на темно.

Уредот е со алуминиумска рамка и стаклен заден панел, а во куќиштето се поставени чипсет Снапдрагон 845, 6ГБ РАМ и 64/128 / 256ГБ вградена меморија и батерија со капацитет 3400 милиампер часови. Камерата е нова и комбинира два сензора со резолуција 12МП кои имаат стандардна и телефото оптика, и бленда соодветно ф / 1.8 и ф / 2.4. Главниот сензор има четиринасочна оптичка стабилизација. Смартфонот успеа да постигне 99 поени во тестовите на „DxOMark“ со 105 поени за слики и 88 поени за видео. Исто така постои и посебен ГПС кој може да работи со две фреквенции за поголема точност.

Заедно со него, компанијата издаде и специјално издание на уредот, наречен „Експлорер Едишн“, кој нуди неколку интересни работи. Системот за препознавање на лицето во него веќе работи со структурирана светлина како во „ајФон X“ и според компанијата тоа го прави првиот таков паметен телефон со „Андроид“. Уредот има вграден во дисплејот сензор за отпечатоци, кој ја чита силата на притисок, а освен тоа има транспарентен заден панел. Батеријата на овој модел сепак е со капацитет од 3000 милиампер часови и ќе се нуди само со 8ГБ + 128ГБ меморија.

Третиот презентиран телефон се вика „Mi 8 ЕсЕ“. Уредот има 5.88 инчен OЛЕД екран од „Самсунг“ и користи чипсет Снапдрагон 710, што го прави првиот светски модел, со чипот кој беше промовиран пред неколку дена. Според компанијата, тој има 30 отсто помала потрошувачка на енергија во однос на Снапдрагон 660, но нуди 20 отсто поголема продуктивност. Уредот нуди батерија од 3.120 милиампер часови, двојна камера со резолуција 12МП и 5МП и 4ГБ / 6ГБ РАМ плус 64ГБ за датотеки.

„Ксиаоми Mи 8“ и „Mи 8 ЕсЕ“ ќе се продаваат во Кина од 5 и 8 јуни по цени од 2.699 и 1.799 јуани (360 и 240 евра). „Ми 8 Експлорер Едишн“ ќе чини 3.699 јуани (495 евра) и ќе биде подоцна пуштен на пазарот.

Се уште немаме информација кога новите смартфони на кинеската компанија ќе пристигнат во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 23:51