FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 18 денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

18 – Германците се неоспорни кралеви на пеналите на фудбалските светски првенства, победувајќи на сите четири натпревари кои беа одлучени преку шутирање на пенали. При изведувањето на пеналите, тие шутнаа точно 18 пенали и промашија само еднаш.

Германците за прв пат шутираа пенал во полуфиналето на фудбалското светско првенство во Шпанија во 1982. Ули Штилајк не успеа да ја погоди мрежата против Франција тој ден, Манфред Калц, Пол Брајтнер, Пјер Литбарски, Карл-Хајнц Румениге и Хорст Хрубеш постигнаа гол, додека пак Тони Шумахер одбрани два клучни удари на „Петлите“ со кои го резервираше местото на Германија во финалето.

Последниот натпревар на Германија кој беше одлучен со помош на шутирање пенали беше оној во четврт финалето против Аргентина на домашен терен во 2006 година. Надежите на нацијата лежеа во Џенс Леман, кој го замени легендарниот голман Оливер Кан кратко пред турнирот. Гестот кој долго ќе остане запаметен во меморијата на германските фанови е моментот кога Кан ја затресе раката на неговиот остар ривал пред да шутне и шепна: “Ти посакувам многу среќа. Ова сега е твојата шанса, ти можеш да го направиш тоа.” Леман остана смирен во најважниот момент од својата кариера успевајќи да одбрани пенали од Роберто Ајала и Естебан Камбиасо со што му помогна на својот тим да стигне до полуфиналето на светското првенство.

Перформансот на германскиот голман ќе остане запаметен во историјата благодарение на парчето хартија кое го влечеше од неговата чорапа пред Гаучосите да го изведат ударот од 11 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 01:54