FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 17денa до самиот старт! Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

17 – Норман Вајтсајд од Северна Ирска имаше точно 17 години и 41 ден кога за прв пат стапна на теренот на фудбалското светско првенство во Шпанија во 1982 година, со што стана најмладиот играч кој некогаш се појавил на светските првенства, притоа соборувајќи го рекордот кој претходно го држеше Пеле. Вајтсајд имаше одиграно само два натпревари за неговиот клуб, Манчестер Јунајтед, кога северно - ирскиот тренер Били Бингам го одбра да настапи на првенството, каде го имаше својот интернационален деби настап.

Навраќајќи се назад на неговото достигнување, Вајтсајд минатата година изјави за FIFA.com: “Преземањето на титулата од Пеле за најмлад играч кој настапил на светското првенство беше извонредно. Најголемото нешто на кое што се сеќавам беше пресот со претставници од целиот свет кои ми поставуваа прашања и јас бев целосно збунет бидејќи ми се обраќаа на нивниот мајчин јазик, што беше малку тешко бидејќи не можев да ги запомнам прашањата кои ги поставуваа!”



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 02:01