FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 16денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

16 – Десетици години од сега, сеуште ќе постојат фудбалски фанови низ целиот свет кои ќе паметат каде точно се наоѓале кога го гледале натпреварот во кој Германија го порази домаќинот Бразил со 7 – 1 во полуфиналето на фудбалското светско првенство во 2014 година. Вечерта за евентуалните шампиони стана уште послатка кога Мирослав Клосе го постигна својот 16 – ти гол на светското првенство и на својот тим му донесе предност од 2 - 0.

Таа вечер, наоѓајќи ја својата цел против Бразилците, Клосе стана водечкиот стрелец на светските првенства на сите времиња, заземајќи го водечкото место на листата на која се наоѓаат Роналдо (15) и неговиот сонародник Герд Милер (14). “Себеси лично не се сметам за икона, но дефинитивно ова е неверојатно нешто,” рече стрелецот кој ги сруши рекордите во интервјуто за FIFA.com на почетокот на годината. “Постигнувањето на 16 гола на светски првенства обично е нешто за кое само може да сонувате. Но, како и секогаш, морам да му оддадам признание и на мојот тим, бидејќи ова немаше да можам да го постигнам без нив.”

По запишаните 137 победи, постигнувањето на 71 гол и 24 – те настапи за својата земја на светските првенства, како и добивањето на бројни титули и признанија, ‘Миро’ конечно ги соблече копачките во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 02:01