FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 15 денa до самиот старт! Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

15 – Шеснаесетфиналето на фудбалското светско првенство во 1986 година засекогаш ќе биде поврзувано со името на Емилио Бутрагењо и шокот предизвикан од победата на „Црвената фурија“ против Данска. Напаѓачот постигна 4 гола за Шпанија против Данска во победата која ги однесе Шпанците во најдобрите осум светски репрезентации.

“Тоа беше врвот на мојата кариера” подоцна се сеќава човекот кој има настапено повеќе од 460 пати за Реал Мадрид. “Поминавме во шеснаесет-финалето, каде игравме против Данска, кои тогаш беа еден од најдобрите тимови, еден од фаворитите. Тие беа поуспешни во првото полувреме, но се вративме во игра благодарение на грешките кои ги правеа. Јас постигнав четири гола, што беше нечуено и и нешто што било незамисливо да се направи на светските првенства. Тоа беше повеќе отколку што можев да сонувам,” истакна Бутрагењо, сеуште изгледајќи како да е во неверување.

“Се почувствував малку чудно. Јас не бев врвен стрелец но имав среќа тој ден и реализирав два пенали. Гледав на тоа како на нешто што се случува само еднаш. На крајот ги заменивме дресовите со Мајкл Лаудруп и сеуште го чувам неговиот дрес дома. Мојот татко, кој беше на трибините со мојата идна сопруга, беше еуфоричен. Тој беше воодушевен но јас бев прилично релаксиран околу тоа,” рече тој. Бутрагењо заврши како втор најдобар стрелец на првенството.

Шпанскиот сон за светски шампиони заврши со по пенал рулетот со Белгија во четврт-финалето.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 02:01