FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 14 денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

14 – Четиринаесетата официјална маскота во историјата на фудбалските светски првенства е ведриот, шармантен и самоуверен волк наречен Забивака.

Забивака ги освои срцата на целиот свет минатата година за време на Купот на Конфедерации и токму затоа сега е невозможно да се замисли одржувањето на првенството во Русија 2018 без овој прекрасен волк. На земјата домаќин тој и беше претставен дури и порано, кога повеќе од милион Руси гласаа на страната FIFA.com притоа одлучувајќи за официјалната маскота на светското првенство кое ќе се одржи на домашен терен.

Традицијата на маскоти на фудбалските светски првенства датира од времето на малото гордо лавче Вили во Англија 1966. На секое првенство оттогаш, улогата на маскотата станува се поважна, за денес да е суштински дел од спектакалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 02:21