Поштар од село Копаница денеска бил ограбен од две маскирани лица пред ресторан во село Глумово. Ограбувачите со закана со пиштол му одзеле 400.000 денари.

Како што соопшти МВР, ограбувачите околу 9 часот пред ресторанот со патничко моторно возило „Голф 4“ со непознати регистарски ознаки и со закана со пиштол од поштарот Е.И.(53) ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 14:57