Режисерот Брајaн де Палма изјави дека во моментот пишува сценарио за хорор филм што ќе се базира на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.

Де Палма, кој ги има режирано и филмовите „Кери“ и „Лице со лузна“, изјави дека внимателно го следи целиот случај.

Вајнстин се соочува со бројни тужби за силување и други видови на сексуално злоставување. Тој минатата седмица беше уапсен во Њујорк, откако претходно сам и се предаде на полицијата.

Неговите адвокати соопштија дека тој ги отфрла сите обвинувања.

Познавам многу луѓе кои се засегнати од скандалот. Ги слушав нивните приказни низ годините. Должност на режисерот е да стекне довербата кај актерите. Злоупотребата на било кое ниво е најлошата работа што режисерот може да ја направи, истакна Де Палма.

Вајнстин за сексуално злоставување и вознемирување го обвинија над стотина жени.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 19:05