Албанскиот премиер,Еди Рама, високо ја оценува поддршката на Австрија, во секој клучен миг низ кој минала неговата земја,посочувајќи ја како силен партнер на интеграцискиот пат кон ЕУ.

Во интервју за A-Ер-Де, Рама вели дека „Австрија одамна е поддржувач на Западен Балкан и отсекогаш била лојална и пријателски определена кон нас. Таа е исто така еден од нашите големи поддржувачи. "

Кога станува збор за почеток на преговорите со ЕУ, тој оценува дека „Албанија заслужува да добие почеток на преговори,зашто добила многу јасна препорака од Комисијата“.

- Не можам да разберам како оваа машинерија која чини милијарди за да состави значајни извештаи може да ги оспори своите цели. Се разбира, знам дека има земји-членки кои имаат внатрешни проблеми, но цврсто верувам во душата на Европа. И во душата на Европа постои строг и правичен пристап, до сега пристапот е строг и се надевам дека тоа не е неправедно, смета Рама

Прашан околу резултатите на последниот Самит на Западен Балкан,одржан во Софија и дали очекувал повеќе резултати,Рама вели дека не очекувал.

- Не, не очекував,бидејќи знам што сме направиле и колкав напредок можеме да направиме,така што знаев дека не беше време да бараме било што,но беше момент да продолжиме и да се бориме,значи беше добра средба бидејќи можев да се борам,-изјави Рама.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 19:53