Стапката на невработеност во Албанија годинава се намали на 10,2 отсто, што за еден отсто пониска споредено со истиот период минатата година, што како појава е присутна повеќе години наназад, јави „Евроњуз Албанија“.
Во споредба со регионот, стапката на невработеност е меѓу најниските во регионот, по Србија, која бележи стапка под 10 отсто.
- Развојот на економијата во регионот се чини дека го покажува истиот тренд во сите земји од Западен Балкан, но можеби тоа не е единствената причина зошто има повеќе работни места во однос на населението. Значи, покрај економскиот раст, се чини главен фактор останува иселувањето. Со оглед на тоа што секоја година Албанија ја напуштаат околу 35.000 нејзини граѓани, а поголем дел од нив се работоспособни, стапката на невработеност автоматски се намалува, наведе телевизијата.
Поради миграцијата речиси во сите сектори во албанската економија има недостиг од работна сила, кој се ублажува со ангажирање на странци, пред сè од Индија, Филипини, Бангладеш, но тие во првата прилика заминуваат во некоја од западноевропските земји.