FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 13 денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

13 – Рекордите се поставуваат за да бидат срушени и скоро сите порано или подоцна се рушат. Еден од тие рекорди е и оној на французинот Џаст Фонтејн кој важи веќе 60 години и мала е веројатноста да биде срушен. Стрелецот овој рекорд успеа да го постави постигнувајќи 13 гола на фудбалското светско првенство во Шведска 1958 година, повеќе отколку што успеал да постигне било кој на едно светско првенство. Напаѓачот на Стаде де Реимс постигна четири гола против Западна Германија, три гола против Парагвај, двојни голови во натпреварите со Југославија и Северна Ирска, и по еден гол против Бразил и Шкотска.

“Во 1958, само што почнав повторно да играм на 15 Февруари после операцијата на коленото извршена на 7 Декември”, рече во неговото интервју за FIFA.com во 2014 година, додавајќи со насмевка: “Го направив она што беше неопходно за да се вратам назад, па така до jуни, јас веќе одев на вода. Како Исус.”

Иронично, човекот кој го нарекуваат Џасто го постигна својот неверојатен рекорд во позајмен пар копачки, додека неговите се распаѓаа на последната тренинг сесија на Франција пред патувањето за Шведска. “Во тоа време, имавме само по два пара копачки и немавме спонзори. Немав ништо.” Соиграчот Стефан Бруеј, кој носеше ист број како Фонтејн, ја спаси ситуацијата, притоа позајмувајќи му еден од неговите пара. “Некои од моите голови беа инспирирани од двата духа кои беа заедно внатре во истите копачки,” изјави Фонтејн.

Победени во полуфиналето од Бразил, Французите мораа да се задоволат со третото место. “Брзо заборавив на моите лични достигнувања,” рече Фонтејн. “Повеќе преферирам да се сеќавам на нашето трето место отколку на моето прво. Тогаш навистина никој не се грижеше за тоа кој завршил како најдобар стрелец.” Без оглед на се, фудбалскиот свет денес сеуште се сеќава на неговите неверојатни достигнувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 00:53