Кошаркарите на Голден Стејт забележаа убедлива победа со 122:103 ноќеска против Кливленд во големото финале од НБА лигата.

На тој начин актуелниот шампион ја искористи предноста на домашен терен и во вториот меч од завршницата во плејофот и поведе со 2-0 во серијата прв до четири победи.

Шампионот ги доби втората и последната четвртина со по девет разлика и тоа се покажа недостижно за Кавалирс.

Стеф Кари со 33 поени, осум асистенции и седум скока беше најзаслужен за победата на „воините“.

Во поразениот тим повторно најдобар беше Леброн Џејмс со дабл-дабл ефект - 29 поени и 13 асистенции, на тоа додаде и девет скока.

Следниот натпревар се игра во Кливленд ноќта меѓу среда и четврток.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 07:53