Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари постави нов рекорд во финалињата од НБА лигата, откако ноќеска на дуелот со Кливленд, девет пати прецизно шутираше зад линијата за три поени.
Досегашниот рекорд со осум тројки на еден натпревар од финалето во НБА лигата беше во сопственост на Реј Ален од Бостон Селтикс.
Кари со 33 поени, осум асистенции и седум скока имаше голем придонес во триумфот на Голден Стејт кој се наоѓа на половина пат од одбрана на шампионскиот трофеј.