Македонскста православна црква и црковното прашање биле една од темите за кои разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната денешна средба во Атина.

- За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници кои се во притвор во Одрин, соопштуваат од атинската архиепископија.

Како штој јави дописничката на МИА од Атина, Вселенскиот патријарх по средбата со Јеронимос ја посети претседателската палата и се сретна со грчкиот претседател, а по 45 минутната средба со Прокопис Павлопулос, Вартоломеј се сретна и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Средбите на Вселенскиот патријарх Вартоломеј со архиепископот Јеронимус, со претседателот Павлопулос и со премиерот Ципрас, се одржуваат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 13:33