Софтверскиот гигант Мајкрософт ќе ја купи платформата ГитХаб на која програмерите се собираат за да постават програмски кодови и да ги прегледаат.
ГитХаб е основана во Сан Франциско во 2008 година, а од 2012 година, по првата странска инвестиција, почна драстично да расте.
Сега има околу 27 милиони програмери од целиот свет кои ја користат таа платформа за размена на кодови и идеи.
Мајкрософт денеска соопшти дека очекува до крајот на годината да склучат договор според кој треба да платат 7,5 милијарди долари во акции.